Поранешниот фудбалер на Ливерпул Џо Кол смета дека доколку сезоната во Премиер лигата не заврши тогаш клубот од „Енфилд“ не треба да ја добие титулата.
Фудбал во Англија, како и во цела Европа, исклучок е Белорусија, не се игра од 15 март. Извесно е дека сезоната најрано може да продолжи во мај. Премиер лигашите на заеднички состанок се согласиле дека првенството треба да заврши, бидејќи се создале услови откако УЕФА го одложи Европското првенство.
„Што поскоро треба да завеши сезоната. Доколку тоа не се случи, тогаш единствено решение е таа да биде поништена. Секако дека секој сака за својот клуб да добие најдобро решение. Доколку не се најде решение прифатливо за сите тогаш единствена опција е да се тргне од почеток“, рекол Кол.
„Сигурен сум дека ќе се најде решение. Но, доколку трка на 100 метри завршите по истрчани 70 метри тогаш секако дека ќе постојат сомнежи“.
Ливерпул на 11 рунди до крајот на сезоната во Премиер лигата има 25 поени повеќе од Манчестер сити. На „црвените“ им се потребни шест поени за и теоретски да ја освојат титулата, прва по пауза од 30 години и прва откако постои Премиер лигата.