Поранешниот фудбалер на Јувентус и Ливорно, Џузепе Рица е во кома откако имал мозочен удар на 33 години.
Рица уште е фудбалер во полу-професионалниот тим Ринашита Нетина, откако беше дел од академијата на Јувентус до 2008 година, по што играше за Ливорно, Јуве Стабија и Ночерина. Според италијанските медиуми тој завршил во болница на 5 јуни и е во медицински индуцирана кома во болницата „Каницаро“ во Катанија.
Преку социјалните мрежи тој доби пораки на поддршка од поранешните соиграчи Клаудио Маркизио, Себастијан Џовинко, Фабио Пизакане и Доменико Кришито.