Поранешниот украински фудбалер, Василиј Василенко, е осуден на 12 години затвор во Русија за наводно шпиунирање за Украина, објави московскиот суд, потврдувајќи дека деталите за случајот нема да бидат објавени на јавноста.
Василенко, поранешниот фудбалер на украинските клубови Таврија, Торпедо и Дружба од 1992 до 2001, бил уапсен во октомври 2019 година, со првично обвинение за криумчарење, но потоа бил обвинет и за шпиунирање.
Иако судот објави дека поради чувствителноста на доказите нема да се даваат детали, новинската агенција „РИА“ тврди дека тој се обидувал да купи оружје произведено во Советскиот Сојуз во 1960-тите по наредба на Украинското министерство за одбрана. Од Украина не го коментираат случајот.