Top Sport

Поранешент фудбалер на Базел почина на 35-годишна возраст од рак на белите дробови

По тешка борба со ракот на белите дробови, на 35-годишна возраст почина Николас Шинделхолц, поранешен фудбалер на швајцарските клубови Базел, Тун, Луцерн и Арау.

Беше дете на Базел каде ги мина сите младински категории, а капитенската лента ја носеше и во У-21 тимот.

„Базел тагува за загубата на Николас Шинделхолц. Нашиот поранешен капитен У-21 почина од рак на само 34 години. Целиот ФКБазел е шокиран од оваа вест и изразува искрено сочувство до ужаленото семејство. Почивај во мир, Нико“.

Шинделхолц играше на позицијата стопер и десен бек, а најголема трага остави во Тун, каде за осум години одигра 136 натпревари со четири гола и четири асистенции.

Scroll to Top