Top Sport

Поранешната девојка го обвинува Роналдо: Тој е психопат

Поранешната девојка на еден од најдобрите фудбалери во историјата Кристијано Роналдо, Џесмин Ленард, во јавноста изнесе сериозни обвинувања за своето поранешно момче.

Ленард тврди дека додека биле во врска, Роналдо и се заканувал дека „ќе ја исече на парчиња, телото ќе го ставел во вреќа и ќе го фрлел в река“, доколку таа се гледа со други мажи.

Кристијано Роналдо, минатата година е обвинет за силување на американската манекенка Кетрин Мајорга. Таа тврди дека фудбалерот и платил 300.000 фунти за да молчи за то што се случило.

„Замислите кога некој ќе ви каже дека сте силувач. Знам кој сум и што сум. Вистината ќе излезе на виделина. Ќе видат сите тие што ме осудуваат во јавноста и што го претвораат мојот живот во циркус“, рекол Роналдо откако Мајорга го обвини за силување.

Сега Џесним Ленард решила да им понуди помош на адвокатите на Мијонг.

„Долго време размислував. Ќе ја контактирам Кетрин и нејзиниот адвокатски тим за да им помогнам во тимната тужба за силување. Не можам повеќе да седам и да го гледам како лаже. Имам пораки, снимки кои ќе бидат од непроценлива вредност за Кетрин и нејзиниот тим за да покажат кој всушност е тој“, рекла Ленард и дополнила.

„Стотици пораки имам во кои тој со насмевка на лицето кажува како ја малтретирал мајката на своите деца и дека ја третира како да е ѓубре, тој кажува и за своите сексуални ‘походи’, кои наликуваат на она што и се случило на Мијонг. Имам разговори во кои тој признава дека има психички пореметувања.Тој е насилник и лажго, целиот негов живот е лага“, напишала во 20-тина ‘твитови’, Џесмин Ленард.

Таа тврди дека плаќал приватни детективи за да ја следат кога ќе излегувала од дома.

„Ми кажа дека доколку се гледам со некој друг или доколку ја напуштам куќата дека ќе ме киднапирал, ќе ме исечел на парчиња, а моето тело ќе го ставел во вреќа и ќе го фрлел во в река. Имам докази и за ова, тој е психопат“, напишала Ленард.

Отворена истрага против Роналдо, му се заканува доживотен затвор

Scroll to Top