Top Sport

Тотенхем повторно го одложија отворањето на новиот стадион

Фудбалскиот клуб Тотенхем уште еднаш го одложи отворањето на својот новиот „Вајт Харт Лејн“, стадион чии капацитет ќе биде 62.000 седишта.

Планот на челниците беше целата оваа сезоната Тотенхем да ја игра на својот нов стадионо, но како сега стојат работите Спарсво својот нов дом ќе се вселат во финишот на сезоната.

„Сакам да им се извинам на сите навивачи и да им се заблагодарам на трпението“, порачал првиот човек на клубот Даниел Леви по состанокот со изведувачот на работите на новиот „Вајт Харт Лејн“.
Најверојатно, првиот натпревар на новиот стадион, Тотенхем ќе го одиграат на 16.март против Кристал Палас.

До овој натпревар Тотенхем како домаќин на „Вембли“ ќе игра против Вотфорд, Њукасл и Лестер, односно против Борусија Дортмунд во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top