Top Sport

Поранешната сопруга го тужи Антони за семејно насилство

Габриела Кавалин и нејзиниот адвокатски тим поднесоа кривична пријава против бразилската суперѕвезда Антони за семејно насилство. Според законите во Велика Британија, доколку се докаже дека тоа навистина се случило, напаѓачот на манчестер јунајтед ќе има сериозни проблеми.
.
Габриела Кавалин го обвини Антони дека додека биле во брак неколку пати физички ја злоставувал. Нејзините адвокати до судот поднеле барање во кое оваа госпоѓа го обвинува Бразилецот за насилство, односно за злоупотреба во текот на заедничкиот живот.

Габриела Кавалин е убедена дека играчот на „црвените ѓаволи“ може да биде обвинет според англиските законите. Според информациите, тој и праќал заканувачки пораки, против нејзина волја ја затворил дома и и нанел телесни повреди.

Манчестер јунајтед не ги коментираше овие наводи, а Антони претходно се изјасни дека е невин.

Клубот веќе се соочи со сличен проблем, кога во затвор заврши
Мејсон Гринвуд, откако ја претепа својата девојка. Подоцна Гринвуд и неговата свршеница се смирија, а откако таа му роди син на младиот фудбалер тие стапија во брак.

Антони минатото лето пристигна во Манчестер јунајтед од Ајакс за 100.000.000 евра. Бразилецот има годишна плата од 11.520.000 евра.

Scroll to Top