Top Sport

Поранешниот јуниор на Рома, Буасе почина на 21 година!

Поранешниот член на младинскиот тим на Рома, Жосеф Буасе Перфексион почина на 21 година од срцев напад во неделата.

Буасе немаше ниту е еден настап за сениорскиот тим на Рома, но беше дел од нивната младинска школа по импресивните тренинзи пред две години. Тој пристигна во Италија нелегално како мигрант во 2015 година, откако бил оставен на железничка станица и морал сам да се снаоѓа на 16 години.

Тој почнал да игра за „Либери Нантес“, италијанскиот тим составен од емигранти, по што Рома му понудиле тест и тој бил поканет на тренинг на првиот клуб од тогашниот тренер на тимот, Лучано Спалети. По 11 настапи за јуниорскиот тим, тој бил позајмен на Виченца во Серија Б во 2017, пред да му истече договорот во 2018. Оваа година во февруари тој потпишал договор со романскиот второлигаш Универзитатеа Клуж.

Scroll to Top