Top Sport

Жоао Феликс се повреди, го пропушта рестартот на Ла лига?

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс најверојатно ќе го пропушти рестартот на Ла лига следниот месец откако доби повреда на коленото на тренинг во понеделникот, јавуваат шпанските медиуми.

20-годишниот Португалец, за кого Атлетико плати рекордни 126 милиони за трансфер од Бенфика минатата година, ги истегнал лигаментите во левото колено, а од клубот не потврдија кога очекуваат тој да се врати од повредата, иако шпанските медиуми велат дека ќе паузира најмалку три недели.

Шпанската влада дозволи враќање на првите две лиги во шпанскиот фудбал без гледачи од 8 јуни, а претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас најави враќање од 11 јуни. Атлетико се на шестото место на табелата на 11 кола пред крајот.

Scroll to Top