Top Sport

Поранешниот помошник тренер на Барса Унзуе има АЛС!

Поранешниот голман на Барселона и помошник тренер на Каталонците под Луис Енрике, Хуан Карлос Унзуе откри дека страда од Амиотрофична латерална склероза (АЛС), обично смртоносна невродегенеративна болест, која му била дијагностицирана во февруари.

За АЛС, болест која предизвикува смрт на невроните кои ги контролираат мускулите, не постои лек.

„Инсистирам дека се снаоѓам добро, имав привилегија да водам убав живот и сега имам привилегија да зборувам за АЛС, болест која секој може да ја добие. Заедно со фондацијата ’Лузон’ ќе се обидам да го подобрам квалитетот на живот за мене и за другите кои страдаат. Се надевам дека во блиска иднина ќе имаме решение“, изјави Унзуе на прес-конференција на „Ноу Камп“.

53-годишниот Унзуе беше голман на Барселона и Севилја, и му беше помошник на Луис Енрике на клупата на „Ноу Камп“ од 2014 до 2017. Потоа тој беше една сезона тренер на Селта Виго, а до минатата година работеше во Џирона.

Scroll to Top