Top Sport

Поранешниот премиерлигаш Болтон пред колапс, играчите штрајкуваат и бараат плати

Фудбалерите на Болтон се на штрајк поради неисплатените плати во клубот од англиската втора лига, кој долго време беше во Премиер лигата.

Според „Би-би-си“, фудбалерите одбиваат да се јават на тренинг сѐ додека тие, тренерите и другиот придружен тим не ги добие платите за март. Платите за февруари исто така доцнеа во клубот од Чемпионшип, кому му се заканува испаѓање во третата лига, а шпекулациите велат дека наскоро ќе дојде и до промена на сопственикот.

Болтон исто така ќе мораат да се појават пред Врховниот суд во Лондон во среда поради неисплатени 1.2 милиони фунти во даноци и други долгови кон државата.

Болтон е основач на англиската Фудбалска лига во 1888 година и четирикратен шампион од ФА купот. Тие беа шести во Премиер лигата во 2005 година и играа во европските купови пред да испаднат во 2012 година.

Scroll to Top