Top Sport

Арон Ремзи, и Арсенал се трети во Премиер лигата! (видео)

Арон Ремзи, фудбалерот кој на лето ќе замине од Арсенал за богат трансфер во Јувентус, го постигна првиот гол за 2:0 победа на „топчиите“ над Њукасл со која лондонскиот клуб се искачи на третото место во Премиер лигата, поминувајќи го лутиот ривал Тотенхем.

Велшанецот Ремзи, кого исто така го поврзуваат со „клетвата“ дека кога дава гол некоја славна личност умира, во 30-тата минута од мечот по еден пробив на Александер Лаказет се најде на вистинското место и лесно го совлада Дубравка за водство на „Емирати“.

Лаказет во 83. минута го потврди триумфот за Арсенал, кој сега е на третото место на табелата со 63 поени, два повеќе од Тотенхем и Манчестер јунајтед во тесната битка за Лига на шампиони во Англија. Челси се веднаш зад нив со 60 поени на шестото место.

Њукасл на Рафа Бенитез пак, остануваат 14. со 35 поени и уште не се сигурни во опстанокот на клубот со само шест меча до крајот на сезоната.

Scroll to Top