Top Sport

Поранешниот претседател на Реал: Заминувањето на Меси е удар за Ла Лига

Потенцијалното заминување на Лионел Меси од Барселона ќе биде голем удар за Ла Лига, смета поранешниот претседател на Реал Мадрид Рамон Калдерон. Аргентинецот пред два дена го извести клубот дека сака да ја раскине соработката, без оглед на тоа дали првиот човек на Барселона Џозеп Бартомеу ќе остане на функцијата или не.

„Тоа навистина би бил голем удар за имиџот и квалитетот на Ла Лига. Имавме среќа во последните десет години во лигата да ги гледаме Кристијано Роналдо и Меси, двајцата најдобри во светот. Повеќе нема да бидат тука…Тоа е голе удар“, рекол Калдерон дополнувајќи дека е изненаден од одлуката на Меси.

„Сигурно е разочаран од она што се случува во клубот. Поразот од Баерн влијае врз сите во Барселона. Поради тоа Меси размислува за иднината. Лично веста ме шокираше, мислев дека решил кариерата да ја заврши во Барселона“.

Меси е 20 години во Барселона, 17 од нив е дел од сениорскиот тим. Аргентинецот е најдобриот стрелец и играч во историјата на клубот од „Ноу Камп“.

Scroll to Top