Поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес беше прогласен за виновен за бакнувањето на фудбалерката Џени Ермосо без нејзина согласност.
Контроверзниот Рубиалес, кој во моментов е под истрага за корупција во Федерацијата, го шокираше светот во 2023 година на доделувањето на наградите, откако Шпанките станаа светски шампиони.
Потоа во еуфорија ја бакна Ермосо, а сега е осуден за тоа дело. Рубиалес мина само со парична казна.
Судот во Мадрид му нареди на Рубиалес да плати казна од 10.000 евра (20 евра дневно за 18-те месеци на кои беше осуден), а му беше изречена забрана за приближување до Ермосо на најмалку 200 метри.
Адвокатите на фудбалерката бараа затворска казна за Рубиалес, но Судот на крајот пресуди во корист на поранешниот прв човек на Шпанската фудбалска федерација.
Судењето на Рубиалес за ова дело, кое беше проследено со големо внимание во Шпанија, траеше две недели.
Во текот на целиот период, Рубиалес својата одбрана ја засноваше на тврдењата дека бакнежот бил консензуален и дека се случил во момент на големо славење, набргу откако женската фудбалска репрезентација станала светски шампиони за прв пат во својата историја.