Top Sport

Поранешниот прволигаш Катанија исфрлен од Серија Ц, престанува да постои

Поранешниот италијански прволигаш, Катанија Калчо официјално престана да постои откако беше исклучен од Серија Ц поради банкротот, ставајќи крај на уште една фудбалска приказна на Сицилија.

Катанија беше во Серија А од 2004 до 2014 година, период во кој како тренер беше и Диего Симеоне, а една од главните ѕвезди Алехандро „Папу“ Гомез, но во 2015 година беа исфрлени во Серија Ц поради банкротирање.

„Со голема болка морам да потврдам дека клубот е банкротиран и не може да продолжи во Серија Ц. Ова е ситуација со која не сакавме да се соочиме“, изјави директорот на Серија Ц, Франческо Гирели.

Катанија прогласи банкрот

Scroll to Top