Top Sport

Навивачите на Легија го „обесија“ Путин

Навивачите на Легија од Варшава, познати по својата страст кон клубот, но и многубројните хулигански инциденти, на вчерашното дерби против Лех Познањ имаа необична кореографија на која го претставија рускиот претседател Владимир Путин во дрес на Спартак Москва, но со јаже на вратот.

Во Полска, анти-руското расположение не се крие на фудбалските натпревари – неодамна на баражот за пласман на Мунијалот помеѓу Полска и Шведска, поголемиот дел од навивачите извикуваа „Руски курви“.

Изборот на дресот во кој е Путин е необичен, бидејќи е познато дека тој е навивач на Зенит Санкт Петерсбург, а не на гигантот од Москва.

Цел стадион пееше: Руски курви!

Scroll to Top