Top Sport

Поранешниот руски капитен Широков може да одговара за обид за убиство

Адвокатите најавија дека е можно поранешниот руски капитен, Роман Широков да биде обвинет за обид за убиство, по неговиот брутален напад над еден судија на пријателски меч, по кој судијата заврши во болница три недели.

Против Широков веќе е поднесена кривична пријава, откако го удри судијата Никита Данченков бидејќи тој не му досуди пенал на „Москва селебрити купот“ на 10 август. Откако прво му се закани на младиот судија, поранешниот фудбалер на Спартак Москва и Зенит Санкт Петерсбург го нокаутираше судијата пред да го клоцне во глава додека тој беше на тревата.

Адвокатите на 24-годишниот Данченков сметаат дека сегашното обвинение за намерно предизвикување на физичка повреда би донело премала казна за Широков – јавна работа и можна условна казна затвор и наместо тоа бараат обвинение за обид за убиство.

Екскапитенот на Русија Широков под истрага за напад на судија

Scroll to Top