Еден од најважните луѓе во поновата историја на Барселона, Матео Алемани, од денес е новиот спортски директор на Атлетико Мадрид.
Многумина не знаат и не се свесни што направил Алемани, но тој беше ставен на чело на операцијата во револуцијата што ја спроведе Џоан Лапорта по неговото враќање во клубот во 2021 година.
Алемани доби празна каса, стотици милиони долгови, неможност за купување на пазарот, но и покрај тоа, во текот на следните две и пол години, тој постигна неверојатен успех.
Во првиот преоден рок на функцијата, ги донесе Пјер-Емерик-Обамејанг, Адама Траоре и Феран Торес, а потоа во летото 2022 година ги реализираше сите тие финансиски лостови што овозможија еден од најдобрите преоден рок во историјата на Барса.
Тоа лето, Алемани ги донесе Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Андреас Кристенсен и Франк Кеси, кои пристигнаа како слободни играчи и Барса ја освои титулата убедливо во истата сезона.
Сепак, во еден момент, на есен 2023 година, имаше несогласување со раководството и Алемани одлучи да си замине, а наместо него беше назначен Деко.
Некогаш соработници, сега ќе бидат ривали, па Алемани од сега ќе биде задолжен за трансфер политика на Атлетико Мадрид.
Тој дојде на местото на Андреа Берта, кој замина во Арсенал ова лето, и сигурно е еден од најдобрите менаџери во модерниот фудбал.
Нема сомнение, Алемани би можел да биде еден од клучните луѓе во револуцијата што ја започна Диего Симеоне минатото лето. Тренерот драстично, во два преодни рока го подмлади тимот.
Алемани беше претседател на Мајорка на почетокот на кариерата, а подоцна и главен човек на Валенсија, која го препорача на Џоан Лапорта.