Икер Браво, еден од највисоко оценетите таленти на Барселона, потпиша договор со Реал Мадрид, заминувајќи си од Баер Леверкузен. 17-годишниот Браво си замина како слободен играч од Барселона во 2021 година, откако не му дадоа нов договор, за сега да биде позајмен во лутите ривали, Реал Мадрид.
„Шпанскиот репрезентетивец до 19 години, Икер Браво се приклучува на шампионите од Лигата на шампионите, Реал Мадрид од Баер Леверкузен. Бундеслигашот се согласи на 12-месечна позајмица со клубот од Мадрид“, се вели во објавата на Реал.
Останува да се види дали тинејџерот ќе ги исполни очекувањата кои беа огромни кога тој беше дел од „Ла масија“.