Top Sport

Мареј во второто коло на САД опен, Серундоло со најспортскиот момент во 2022

Шампионот од 2012 година, Енди Мареј влезе во второто коло на САД опен, откако со 7:5/6:3/6:3 го елиминираше 24. носител, Франциско Серундоло, но Аргентинецот ќе остане забележан по еден од најспортските моменти во историјата на гренд слемот.

При 5:4 водство во првиот сет за Мареј, и со Серундоло на сервис, Шкотланѓанецот имше едн скратена топка, која Аргентинецот ја стигна и оствари фантастичен поен. Меѓутоа 24-годишниот Аргентинец потоа призна дека топчето удрило двапати на теренот, предвајќи му го доброволно поенот на Мареј. Младиот тенисер доби аплауз од публиката за потегот, а потоа и го освои гемот и остана во сетот, но на крајот го загуби со 7:5.

Scroll to Top