Top Sport

Поранешните англиски репрезентативци Кол и Даблин: Немаше пенал за Македонија

Foto: Profimedia

Во Скопје, Македонија и Англија го одиграа натпреварот од последното коло од квалификациите (1:1).

Уште порано Англичаните го обезбедија првото место, а Македонците останаа без шанси да одат понатаму. Македонија дојде до предност во 41. минута. Пеналот што го изведе Енис Барди го одбрани Џордан Пикфорд, но Барди ја смести одбиената топка во мрежата.

Тој досуден пенал ги налути англиските експерти. Тие сметаат дека Рико Луис не направил прекршок за пенал кога со рака го удри Бојан Миовски во лицето.

„Апсурден пенал! Натпреварот го суди судија кој сака да биде ѕвезда на вечерта”, изјави поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол.

„Нема шанси ова да е пенал. Останав без зборови. Многу сум изненаден од одлуката на судијата. Да, тоа беше рака кон лицето, но како поинаку да скокне. Ова никогаш не е пенал. Никогаш”, коментираше. Дион Даблин, уште еден поранешен англиски репрезентативец.

Scroll to Top