Top Sport

Пораз на Џенова од Аталанта, гол на Пандев (Видео)

Горан Пандев постигна гол, но не успеа да го спречи поразот на Џенова од Аталанта 2:1. Аталанта со оваа победа за уште еден чекор се доближи до Лигата на шампионите.

Мечот во Бергамо беше решен во вториот дел откако по првото полувреме резултатот беше 0:0.

На стартот на второто полувреме, во 46 минута, Муса Баров го постигна првиот гол за Аталната. Седум минути подоцна предноста на домашниот тим ја дуплираше Леонардо Кастањ.

Конечниот резултат го постави Пандев во 89 минута.

Scroll to Top