Top Sport

Трајковски и Несторовски стрелци за Палермо (Видео)

Екипата на Палермо на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски одигра 2:2 со Читадела, во последното коло во Серија Б, што значи дека ќе игра во плеј-офот за пласман во Серија А.

Македонските репрезентативци ги постигнаа головите за Палермо во првото полувреме, но во вториот дел ја испиштија предноста.

Несторовски постигна гол во 21 минута, а во 23 му асистираше на колегата од репрезентацијата за вториот гол.

Диав и Андрони со головите во 62 и 82 минута спречија пораз на Читадела.

Scroll to Top