Top Sport

Пораз на јуниорите на Вардар од Олимпија

Вардар со пораз од Олимпија Љубљана во последното коло, го заврши настапот на „Куп на пријателство“ кој што се одржува во Златибор, Србија. Единствениот гол на натпреварот е постигнат во 63.минута.

Вардар настапи со следниот состав: М. Велковски, Радевски, Тасев, Талевски, Ѓурковски, Д. Велковски, Благоевиќ, Младеновски, Пешевски, Петејчук, Бериша. Резерви: Тимевски, Наумчевски, Адем, Колевски, Димовски, Игњатов, Митревски.

Црвено-црните натпреварите во Д-групата ја заврши со еден бод. Во првото коло Вардар одигра 1:1 со Удинезе, а потоа загуби 3:1 од Еспањол. Од ова група пласман во полу-финалето избори Еспањол.

foto: fkvardar.mk

Scroll to Top