Top Sport

Пораз на Тотенхем и повреда на Кејн во Саутемптон

Саутемптон ја забележаа третата победа на последните четири натпревари, Вотфорд победи уште еден фаворит и освои значајни бодови во борбата за опстанок, а Лестер забележаа уште една лесна гостинска победа, ова е епилогот од попладневните натпревар во Премиер лигата.

Саутемптон го победија Тотенхем со голот на Дани Ингс постигнат во 17 минута. За поранешниот фудбалер на Ливерпул ова беше 13 гол во Премиер лигата оваа сезона. „Светците“ се во одлична серија, на последните четири натпревари освоија 10 од можните 12 поени.

Тотенхем од друга страна продолжија со променливите игри и неубедливите партии кога играат на гостински терен. Покрај поразот проблем за тимот претставува и повредата на Хари Кејн, кој не го заврши натпреварот.

Лестер го декласираа Њукасл на „Сент Џејмс парк“. „Лисиците постигнаа два гола во првиот дел преку Ајозе Перез во 36 и Медисон во 39 минута, а точка на мечот стави Чадури во 87 минута.

Вотфорд фаќаат залет, ја забележаа втората победа на последните три натпревари. Со головите на Деулофеу и Дукуре постигнати во 30 и 49 минута „стршлените“ ги победија Вулверхемптон со 2:1. Нето го постигна единствениот гол за Вулвфс.

Scroll to Top