Водечките две екипи во Ла Лига Барселона и Атлетико Мадрид доживеаја порази во 36 коло. Старо-новите шампиони Барселона со 2:0 беа поразени од Селта, додека Аллетико го загуби мечот против Еспањол со 3:0.
Барселона со вториот тим ѝ се спротивстави на Селта во Виго и одржуваже 0:0 до 67 минута кога првиот гол го постигна Макси Гомез. Конечните 2:0 ги постави Аспас од пенал во 88 минута.
Голем проблем за Барселона претставува повредата на Усман Дембеле. Францускиот репрезентативец се повреди во шестата минута и веднаш беше заменет.
Атлетико гостуваше кај градскиот ривал на Барселона, Еспањол. „Јорганџиите“ до 45 минута не искористија неколку добри шанси, а на истекот на полувремето Годин си постигна авто-гол. Во вториот дел со два гола Борха Иглесијас ги постива конечните 3:0.
Реал Сосиедад победија на гостувањето кај Алавес и си ги задржаа шансите за пласман на седмата позиција, која носи место во Лига Европа.
Сосиедад славеа со 1:0, со авто-голот на Гарсија во 24 минута.
foto/epa