Top Sport

Харден во драма ги „собори“ шампионите, Хјустон не се „дава“ (видео)

Хјустон рокитс ја добија својата прва партија од полуфиналето на Западот, откако по продолжението со 126:121 беа подобри од Голден стејт вориорс, намалувајќи ја предноста на актуелните НБА-шампиони на 2:1.

Човек на одлука беше Џејмс Харден, откако на 38 секунди пред крајот на регуларниот дел Вориорс имаа 112:110 водство, но тој беше сигурен и постигна две слободни фрлања за да избори продолжение, во кое постигна 7 од 14-те поени за својот тим за победа.

Харден го заврши мечот со 41 поен, 9 скока и 6 асистенции, Ерик Гордон додаде 30, а Клинт Капела имаше 13 поени и 11 скока. За ГОлден Стејт, Дрејмонд Грин имаше 19 поени, 11 скока и 10 асистенции, а Кевин Дурент беше фантастичен со 46 поени.

Следниот меч се игра во Хјустон во понеделник кон вторник во 3.30 часот по македонско време.

Scroll to Top