Top Sport

Поразот од Барса со 4-0 Гранада го залечи со триумф над Осасуна

Во претходното коло Гранада беше лузерскиот тим, загуби од Барса, а Осасуна освои голем бод против Реал Мадрид.
Денеска променети улоги.

Фудбалерите на Гранада го заборавија поразот од Меси и дружината, па со 2-0 славеа против тимот од Памплона.

Првиот гол за домаќините го постигна Суарез во 22 минута од мечот, а со автоголот на Херера во последните мигови од првото полувреме Осасуна остана со празни раце на „Естадио Нуево Лос Кармењес“.

Гранада се зацврсти на седмата позиција на табелата, а Осасуна останува претпоследна со 15 бода во грчевита борба за опстанок во Ла Лига.

Scroll to Top