Top Sport

(Видео) Поразот од Олимпијакос за Фенер е како победа, Викторија и Фиорентина ремизираа

Фудбалерите на Олимпијакос го совладаа Фенербахче со 3:2 (2:0) во првиот натпревар од четвртфиналето на Конференциската лига. Во вториот меч, одигран во терминот од 18:45 часот, Викторија во Плзен одигра 0:0 со Фиорентина.

Олимпијакос не може да биде задоволен од триумфот над Фенербахче, бидејќи до 67.минута имаше предност од три гола.

Костас Фортунис го отвори резултатот за во деветтата минута, погодувајќи го долниот агол од голот на Ливаковиќ од околу 20 метри.

Фудбалерите на Олимпијакос доминацијата во првиот дел ја крунисаа со уште еден гол, Фортунис беше асистент во 32.минута за голот на Јоветиќ.

Кога во 57. минута Чикиња реализираше одлична акција на Олимпијакос, се чинеше дека грчкиот преставник е веќе во полуфиналето.

Сепак, 10 минути подоцна Рецос прави непромислен фаул за пенал, кој во гол го претвори Тадиќ.

Во 74.минута Шимански му ја спушти топката на Кавечи, а тој ја затресе мрежата за 3:2.

Scroll to Top