Top Sport

Поразот во финалето e неуспех – Саутгејт поднесе оставка

Герет Саутгејт официјално поднесе оставка како селектор на Англија.

Сите англиски медиуми објавија дека дошло до официјална разделба меѓу Герет Саутгејт и фудбалската репрезентација на Англија.

Саутгејт по осум години ја напушти функцијата селектор на „Гордиот Албион“.

Во наведениот периос, Саутгејт ја однесе Англија во две финалиња на европските првенства во 2020 и 2024 година, полуфиналето на Светското првенство во 2018 година и четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година, тоа се далеку подобри резултати отколку што ги имаше националниот тим пред Саутгејт.

Очигледно дека второто последователно финале на европските првенства не беше доволно добар резултат за стандардите на селекторот. Тој меѓу редови најави дека ќе се пензионира доколку Англија не ја освои титулата во Германија, а потоа недвосмислено потврди дека ќе си го одржи ветувањето и покрај тоа што Фудбалската асоцијација објави дека ќе му биде понуден нов договор откако во четвртфиналето ја елиминира Швајцарија.

Медиумите на Островот се силно загрижени за името на наследникот на сега веќе поранешниот тренер, како фаворит се споменува уште еден Англичанец, Еди Хау од Њукасл јунајтед, иако се споменуваат и други имиња како Маурисио Покетино, Грем Потер и Томас Тухел.

Навивачите (но и некои новинари и уредници) имаат поинаква визија и велат: Доведете го Јирген Клоп!

Scroll to Top