Top Sport

Порто, Атлетико и Милан во трка за второто место во Б-групата

Вечерва и утре ќе се одиграат натпреварите од последното коло во Лигата на шампионите. Клубовите ќе се борат за преостанатите пет места во нокаут фазата. Место во осмина-финалето обезбедија Ајакс, Баерн, Челси, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Реал и Спортинг.

Најинтересно во овие два дена ќе биде во групите Б, Е и Г.

Ливерпул ја освои Б-групата, а за второто место конкурираат Порто, Атлетико и Милан. Вечерва Порто ќе го пречека Атлетико, а Ливерпл ќе гостува кај Милан.

Барселона, во Е-групата, гостува во Минхен, само со победа ќе избори место во нокаут-фазата, во спротивно ќе зависи од резултатот што ќе го постигне Бенфика против Динамо Киев.

Вистинска лудница се случува во Г-групата. Сите тимови имаат можност да изборат осмина-финале.

По пет кола Лил има осум, Салцбург седум, Севилја шест, а Волфсбург пет бода. Во последното коло Салцбург ќе ја пречека Севилја, а Лил гостува во Волфсбург.

Група А:

ПСЖ-Клуб Бриж
Лајпциг-Манчестер сити

Група Б:

Милан-Ливерпул
Порто-Атлетико Мадрид

Група Ц:

Ајакс-Спортинг
Борусија Дортмунд-Бешикташ

Група Д:

Реал-Интер
Шахтјор-Шериф.

Scroll to Top