Финалниот натпревар во Лигата на шампионите за оваа сезона ќе се одигра на стадионот на Порто, Драгао.
УЕФА ја отфрли можноста завршниот меч да се игра во Истанбул или Лондон и организацијата му ја додели на вториот по големина град во Португалија.
Втора сезона по ред, Португалија е домаќин на најзначајниот натпревар во клупскиот фудбал. Минатата сезона, завршниот турнир во Лигата на шампиони се играше во Лисабон.
Финалето е на програмата на 29.мај, со почеток во 21 часот. За титуата ќе се борат Челси и Манчестер сити.