Top Sport

Порто ја обезбеди титулата

Фудбалерите на Порто со победата над Спортинг Лисабон 2:0 ја обезбедија 29 титула во клупската историја. Бенфика се уште е најтрофејниот клуб во Португалија, има осум трофеи повеќе од Порто. На тронот Порто ја наследи Бенфика.

Порто на „Драгао“ го победија клубот од Лисабон со головите што ги постигна во второто полувреме. Переира погоди во 64, а Марега ја заврши победата во 91 минута. Спортинг постигнаа гол преку Шпорар во првото полувреме кој беше поништен.

Порто на табелата има недостижни 79 бода, осум повеќе од Бенфика, додека Спортинг останаа на третата позиција со 59.

Scroll to Top