Top Sport

Порто со победа го потврди првото место (видео)

Порто со 3:2 триумфираше на „жешкиот“ терен во Истанбул над Галатасарај, за само да го потврди првото место во групата Д со убедливи 5 победи и 1 реми. Во другиот меч од 19 часот, Шалке со гол во 91. минута со 1:0 го победи тимот на Локомотив Москва.

Двата меча немаа голема вредност, откако Порто и Шалке и претходно го обезбедија местото во осминафиналето на Лигата на шампионите, а Галатасарај и покрај поразот оди во Лига Европа.

На „Турк телеком арената“, Порто стигна до предност од 0:2 со головите на Фелипе (17. минута) и  Марега (42. минута од пенал), но домаќините намалија на 1:2 пред полувремето, повторно од белата точка, преку Софијан Фегули.

Во второто полувреме, португалскиот шампион го зголеми водството преку Сержо Оливеира во 57. минута, пред Ерен Дердијок да го направи интересен финишот на мечот со намалување на 2:3 во 65. минута. Галата имаше совршена шанса да израмни само две минути подоцна од белата точка, но овојпат Фегули не беше прецизен.

Фото: ЕПА

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА Д

Галатасарај – Порто 2:3

Шалке – Локомотив Москва 1:0

Табела: 1.Порто 16, 2.Шалке 12, 3.Галатасарај 4, 4.Локомотива М. 3

Scroll to Top