Top Sport

Португалците без мака во Азербејџан

И без суспендираниот Кристијано Роналдо (два жолти картони), Португалија стигна до рутинска 3:0 победа на гостувањето во Азербејџан за да се врати на првото место во групата А во квалификациите за СП 2022 (барем до вечерашниот меч помеѓу Ирска и Србија).

Доминацијата во играта на Португалците беше потврдена во 26. минута кога Бернардо Силва ги донесе во водство, за само пет минути подоцна, Андре Силва по асистенција на Диого Жота да зголеми на 0:2. Жота беше човек на мечот, откако во 75. минута од натпреварот ги постави конечните 0:3.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top