Португалската репрезентација до 21 година, ќе игра во финалето на Европското првенство, откако на „Људски врт“ во Марибор, успеаја да стигнат до среќна 1:0 победа над Шпанија. Во финалето ќе се судрат со подобриот од мечот помеѓу Холандија и Германија.
Иако младите Шпанци беа доминантни во текот на целиот меч, не успеаја да го најдат патот до голот, за во 80. минута по едно нафрлање на Фабио Виеира, топката го „закачи“ Хорхе Куенка и заврши во голот на Шпанците.