Барселона и Манчестер сити биле блиску до договорот со кој би си размениле фудбалери. Клубовите ќе менуваат десен бек за десен бек, односно Нелсон Семедо би заминал во Сити, а на „Ноу Камп“ би пристигнал Жоао Кансело.
Нелсон Семедо им кажал на челниците на Барселона дека би прифатил размена само во Манчестер сити, не бил заинтересиран за преселба во Италија, во Јувентус или Интер.
Гвардиола нема ништо против да го земе Семедо, осбобено по слабата форма која ја прикажува Кансело откако пристигна од Јувентус.
Кансело би можел и да остане во Барселона, доколку размената биде реализирана, а би можел да биде искористен и за евентуалниот трансфер на Лаутаро Мартинез од Интер или пак за трансферот на Миралем Пјаниќ од Јувентус.
Од друга страна Гвардиола би го заклучил прашањето на десната бековска позиција и би можел да се насочи кон реконструкција на одбраната.