Top Sport

Португалецот Аморим е подготвен да го наследи Клоп во Ливерпул

Тренерот на Спортинг, Рубен Аморим веќе даде позитивен одговор за наследник на Јирген Клоп!

Португалските медиуми денеска пренесуваат дека Аморим веќе им кажал на своите најблиски луѓе и соработници дека е подготвен да го преземе Ливерпул и да ја прифати понудата од „Енфилд“.

Сепак, најпрво сака да остане фокусиран на двојната круна во Португалија, со која сака да се прости од Лисабон.

Спортинг е лидер во првенството со бод повеќе од Бенфика, а воедно има и натпревар помалку. Исто така, Спортинг и Бенфика се борат за трофејот во Купот на Португалија, во првиот полуфинален меч Спортинг победи со 2:1, а во вторник е закажан реваншот.

Аморим нема големо тренерско искуство надвор од Португалија, но во татковината навистина бележи импресивни резултати. Прво ја водеше Брага, а потоа во март 2020 година го презеде Спортинг, со кој досега успеал на дури 203 натпревари.

Откако Чаби Алонсо реши да остане во Леверкузен, дали Аморим е најдоброто решение за Ливерпул?

Scroll to Top