Селекторот на актуелните европски шампиони Португалија, Фернандо Сантош го објави списокот на 23-цата фудбалери за Мундијалот во Русија, од кој изненадувачки отсуствува речиси половина тим кој ја освои европската титула пред две години.
Во тимот го нема ветеранот Нани, како и двојката на Барселона, Андре Гомеш и Нелсон Семедо, како и поранешниот носител на титулата „златно момче“, Ренато Санчес од Свонси.
Cristiano, Quaresma and the Portugal squad are set for Russia ??? pic.twitter.com/ZzH8EmFQQq
— B/R Football (@brfootball) May 17, 2018
„Дали овој тим е посилен од тој од Евро 2016? Невозможно е да се каже. На Европското првенство освоивме трофеј првпат во историјата и мораме да им се заблагодариме на тие фудбалери за тоа. Но, јас верувам во овој тим исто колку што верував и на Евро 2016“, изјави Сантош.
Репрезентацијата секако ја предводи Кристијано Роналдо, а во тимот се и неговите верни „другари“ Рикардо Кварезма и Пепе.
Estes são os nossos convocados para o Mundial! #ConquistaOSonho
This is our @FIFAWorldCup squad! #ConquerYourDream pic.twitter.com/0c1liMqG1U
— Portugal (@selecaoportugal) May 17, 2018