Top Sport

Португалија без Роналдо до 2019 година

Како што пренесоа португалските медиуми, Кристијано Роналдо нема да игра за националниот тим до 2019 година.

Најдобриот играч и стрелец на португалската репрезентација, ги пропушти натпреварите кои Португалија ги одигра во септември. Тогаш тој побарал од селекторот да биде ослободен од обрсите со цел што подобро да се адаптира во новиот клуб.

Најновите информации околку неговиот статус во репрезентацијата се дека тој нема да игра за Португалија и во наредните две акции, во октомври и ноември, а дека повторно ќе биде во составот во 2019 година.

Португалија наредниот меч во Лигата на Нации ќе го одигра против Полска, а потоа ќе игра контролен меч против Швајцарија.

Во ноември Португалците ќе играат против Полска и Италија.

Scroll to Top