Top Sport

Португалија има нов селектор

Фудбалскиот сојуз на Португалија, потврди дека националниот тим во иднина ќе го предводи Шпанецот, Роберто Мартинез. На функцијата Мартинез го наследи Фернандо Сантош.

Фернандо Сантос доби отказ по елиминацијата од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, а Роберто Мартинез ја напушти Белгија откако беше елиминиран од групната фаза, во конкуренција на Мароко, Хрватска и Канада.

Португалците се решија за Мартинез откако Жозе Муроњо ја одби понудата да биде селектор.

Шпанецот ќе ја предводи Португалија до 2026 година, кога ќе се игра СП во САД, Канада и Мексико.

Матинез е поранешен тренер на Стоук, Виган и Евертон. Белгија ја предводеше од 2016 година.

 

Scroll to Top