Top Sport

Португалија во црни дресови против Ирска и Србија

Португалија, во четврток и во недела, ќе ги одигра клучните натпревари за пласман на Светското првенство во Катар. Роналдо и екипата, најпрвин ќе гостуваат во Ирска, а потоа ќе ја пречекаат Србија.

Во пресрет на овие два натпревари, Фудбалскиот сојуз на Португалија, претстави спектакуларна гарнитура на дресови, која ќе се продава во ограничени количини.

Португалците со дресовите во црна боја, сакаат да го обележат јубилејот, 100 години од првиот меѓународен натпревар на фудбалската репрезентација.

На 18.декември 1921 година, Португалија доживеа пораз од Шпанија (3:1). На тој натпревар, Португалците настапиле во црни дресови. Зошто во црна? опремата за натпреварот им го позајмиле од Каса Пиа, клуб кој сезонава се натпреварува во Втората лига.

Тогаш дресовите ги донеле четворица играчи на Каса Пиа, кои настапиле на натпреварот во Мадрид.

Дресот кој го претстави Фудбалскиот сојуз на Португалија е совршена реплика. Ќе бидат направени само 500 дресови, кои ќе се продаваат по цена од 100 евра.

Scroll to Top