Top Sport

Португалската ѕвезда на чекор до трансфер во Бетис

Бетис, членот на шпанската Ла Лига, го засилува тимот за настап во Лига Европа. На „Бенито Виљамарин“ веќе стигнаа шестмина нови играчи, а седото засилување треба да биде вистинска „бомба“.

Бетс, според составот, најавува кандидатура за местата што носат пласман во Лигата на шампионите, а тимот треба да биде конкурентен и во Лига Европа.

Досега тимот се засили со португалскиот репрезентативец Вилијам Карваљо од Спортинг Лисабон, Такаши Инуи од Еибар, Антонио Бараган, Серхио Каналес и голманите Жоел Роблес и Пау Лопез.

Седмото засилување треба да биде „шлаг на тортата“. Шпанските медиуми објавија дека „зелено-белито“ дрес ќе го облече Жоао Марио од Интер кој последните шест месеци ги мина како позајмен играч во Вест Хем.

Според шпекулациите Бетис за Португалецот ќе му плати на Интер 25 милиони евра.

Scroll to Top