Top Sport

Португалски фудбалер претепан во Атина

Рубен Семедо, 27-годишниот фудбалер на Олимпијакос, бил претепан пред својот дом во Атина. Семедо и неговиот пријател биле нападнати од тројца маскирани мажи. Нападот се случил 15 минути пред полноќ.

Полицијата го потврди нападот. Во извештајот стои дека, напаѓачите со фантомки на главите го чекале Семедо пред неговиот дом. Тие ги нападнале фудбалерот и неговиот пријател со палки. Семедо добил удари по главата и грбот, а неговиот пријател останал без неколку заби.

Семедо е познат како лошото момче на португалскиот фудбал. Минатата година, беше уапсен во Глифада, под обвинение дека силувал една 17-годишна девојка.

Претходно, тој беше во притвор во Шпанија. Во 2018 година, кога играше во Виљареал, беше уапсен за киднапирање, кражба и неовластено поседување на оружје. Се спаси од долгогодишна затворска казна, ја призна вината, плати казна од 46.000 евра и доби осум годишна забрана за влез во Шпанија.

Scroll to Top