Top Sport

Родригез: Италијанскиот фудбал бил тежок

Бекот на Милан, Рикардо Родригез признава дека „италијанскиот фудбал е многу тежок“, иако тренинзите не се толку напорни како под Феликс Магат.

Швајцарскиот фудбалер дојде кај „росонерите“ од Волфсбург ова лето и вели дека добро се адаптира на „чизмата“.

„Не сум тука долго, но можам да кажам дека италијанскиот фудбал е многу тежок. Сите тимови се компактни и добро организирани и тешко е да се постигне гол тука. Во Германија се игра многу поотворено. Тренинзите? Искрено, беше многу потешко во Германија, посебно на почетокот. Кога дојдов од Швајцарија во Волфсбург имав многу тежок тренер во Магат. Тоа беше најтешкото нешто во кариерата“, вели Родригез.

Scroll to Top