Ѕвездата на Пари Сен-Жермен и на француската репрезентација, Килијан Мбапе се пофали со нови персонализирани копачки на „Најк“ со две ѕвездички, кои треба да ја симболизираат победата на „триколорите“ на СП во Русија.
Младиот Французин беше изненаден од своите нови копачки и очигледно импресиониран, а потоа ги носеше и на тренингот на Пари Сен-Жермен.
19-годишниот Мбапе беше еден од клучните фудбалери на селекторот Дидие Дешам во славното финале против Хрватска, постигнувајќи гол во финалето и два против Аргентина, за да се промовира во една од најголемите нови ѕвезди во фудбалот.