Top Sport

Последици од дербито: Рамос со фрактура на носот (фото)

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, во мадридското дерби со Атлетико, се здоби со фрактура на носната коска, поради што на неопределено време ќе отсутвува од фудбалските терени.

Рамос се повреди по еден дуел со Лукас Ернандес, пред голот на Атлетико, во финишот на првото полувреме. На полувремето тој остана во соблекувалната.

Лекарскиот тим не соопшти колку тој ќе отсутвува од терените, но сигурно е дека нема да биде во составот на натпреварот против АПОЕЛ во Лигата на шампионите.

Ова е втор пат во кариерата Рамос да ја скриши носната коска, првиот пат тоа му се случи пред 10 години на натпреварот против Баерн Минхен.

Scroll to Top