Top Sport

Јунајтед поставија цена за Мурињо – 20 милиони фунти

Пари Сен-Жермен би требало да платат рекордни 20 милиони фунти компензација доколку сакаат да го привлечат Жозе Мурињо од клупата на „Олд Трафорд“ ова лето, тврди британскиот „Дејли мејл“.

Јунајтед се „осигурани“ од надворешен интерес за португалскиот стратег, откако имата опција да го продолжат неговиот договор за 12 месеци пред тој да истече во 2018 година. Тоа значи, дека доколку не се случи некоја катастрофа на крајот на сезоната, клубот или ќе се обиде да добие целосно нов договор, или ќе ја искористи опцијата и ќе го остави Мурињо со две години на неговиот договор од 10 милиони фунти годишно.

Сопствениците и лидерите на Јунајтед сметаат на Мурињо како на долгорочно решение за да ја води стратегијата на клубот по турбулентните години по Сер Алекс Фергусон, во кои тие завршија како седми, четврти, петти и шести во Премиер лигата.

Клубот исто така инвестира многу во нивната академија во потрага за барем еден сопствен фудбалер по сезона. Покрај тоа, тие се подготвени да ги задоволат барањата на Мурињо за нови засилувања, како Карлос Солер (Валенсија), Емил Форсберг (Лајпциг), Антоан Гризман (Атлетико) и Герет Бејл (Реал).

Scroll to Top