Сагата околу Душан Влаховиќ се ближи кон крајот. Напаѓачот за неколку месеци ќе биде слободен играч, што значи дека без обесштетување ќе го напушти клубот.
Челниците на Јувентус, не ја кријат желбата тој да остане, но под нивни услови.
Клубот му понуди на Влаховиќ краткорочен договор, но за речиси 40 отсто помала годишна плата.
Според пишувањата на италијанскиот фудбалски инсајдер Никола Скира, Влаховиќ ќе добие договор според кој ќе заработува седум милиони нето годишно, додека според моменталните приходи заработувал дури 12 милиони.
Како што стојат работите, Валховиќ нема да ја прифати понудата. Инаку за него, барем според медиумиските пишувања, интерес покажале Барселона, Арсенал, Челзи, Милан.
Србинот пред четири годоини од Фиоретина се пресели во Јувентус за 83 милиони евра.
Foto/ Depositphotos
