Додека лигите во Германија, Англија, Шпанија и Франција веќе стартуваа, италијанската Серија А стартува следниот викенд, што беше совршена шанса фаворитите за титулата да ги одработат последните пријателски мечеви, во кои стигнаа до лесни победи.
Един Џеко уште не беше претставен како играч на Интер, кога постигна гол во 3:0 победата на актуелниот шампион Интер против украинскиот Динамо Киев. Николо Барела и Стефано Сенси беа стрелци на другите два гола за тимот на Симоне Инзаги.
Јувентус пак, со 3:1 го совлада италијанскиот ривал Аталанта во меч во кој Пауло Дибала беше капитен и го постигна првиот гол по само 8 минути игра. Федерико Бернардески и Алваро Мората исто така беа стрелци, додека за Аталанта голот го постигна Дуван Запата.
Оливие Жиру, пак, покажа дека ќе биде еден од клучните фудбалери на Милан, откако постигна два гола за 2:1 победа над Панатинаикос. Без Златан Ибрахимовиќ во тимот, Французинот кој пристигна од Челси, повторно импресионираше на мечот во Трст.
? Relive our success in #MilanPanathinaikos and @OlivierGiroud's brace ✌️
? Rivivi il successo a Trieste grazie alla doppietta di Giroud ✌️#SempreMilan pic.twitter.com/Jo47AF21sW
— AC Milan (@acmilan) August 14, 2021